Tag: zapoznajgiskopjaninakafevoizlet

„…Кога ќе отидеш надвор повеќе го цениш тоа што го имаш дома. Тоа го приметив кога живеев во Солун. Ептен ми фалеа ствари од дома и тогаш осетив уствари колку си го сакам Скопје. Самата енергија која ја има градот, луѓето и одредени места се оние работи кои поинаку ги…

„…Сакам да гледам повеќе среќни луѓе на улица. Луѓе на точак, луѓе што користат јавен превоз. Сакам чист воздух! Во Скопје се чувствувам слободно, имам простор за буквално сè, од културно издигнување до психоделично доживување. Особено ги сакам летните ноќи пропратени со долги прошетки и незаборавни искуства. Ноќниот живот во…

„…Моментално поразлично се чувствувам во Скопје. Кога ќе се преселиш и ќе се вратиш гледаш некои работи што претходно не си гледал. Скопје секогаш ќе ми остане во срцето и тоа никогаш нема да се смени. Ама кога живееш тука не сфаќаш уствари дека не многу мрдаат работите. Се враќаш и гледаш…

„…Моментално имам многу работи и дилеми коишто ми поминуваат низ глава, a кога тоа се случува сакам да се прошетам покрај кеј. Како што вели песната на Ацо Шопов “Она што ме притиска и пече, да оставам тишината да го рече“. Да беше Скопје личност, врската би ни била многу…

„…Коа ќе се спомне Скопје прво ни текнува на Вардар и на Силбо… А после и на сите наши навики. Најбоље ни е кафето у Gallery и Излет, а често седиме и у Grind. Маалски, опуштено, пишуваме спортска,  си имаме Sport Life одма до нас. Искрено ноќниот живот во Скопје е…

„…Скопје нуди како град. Ако знаеш да препознаеш мислам дека моеш да го извлечеш најдоброто од него и да ти е онака топ. Сепак, може и треба да се подобри во многу аспекти. Првенствено треба да се вложи во животна средина. Тоа е нешто, што е многу битно. Исто така…

„…Моето маало, Карпош 1, ми е едно така поомилено место. Со друштвото сме некако ко That 70’s Show. Седиме по пижами како ропаци на клупи и си пиеме пивце… Од кафичи пак, Бела ми беше омилена ама нели ја затворија… Затоа моментално Котур ми е најместо онака. Такво е, ретро…

„…Скопјани, она што го прави Скопје поубаво. Позитивни луѓе, секогаш спремни да си помогнат. Сметам дека Скопје е дел од побезбедните места за живеење, што многу влијае на живот на младите луѓе. Многу пати кога сум разговарала со врсници од други држави, сум имала прилика да слушнам најразлични искуства и…

Ја сум тука од 63 година. Го знам скопје, со ниски куќички и зградички. Денеска ништо не е исто, истите улици наликуваат на бетонски тунел. Тој момент мене ме гуши. Не се дружиме више. Сите на Фејзбук застанавме, по некое мал разговор во маркет и толку. Нашата генерација ја разделија различните општествени мислења. Сакам дружење во вистинскиот живот, таква особа сум, а тоа е се поретко во денешницава. А веќе никој со никого не се гушкка. Освен, забележав дека децата во Парк се гушкаат. Летово со нив се дружев. Нешто дефинитивно се случи со луѓето што сега тие сакаат да уништуваат без причина, клупи, лулашки , паркови… Одевме на Кривина тоа беше некако како плажа, маж ми ловеше риби, децата си пливкаа. Многу беше убаво, но кривината ја снема. Се радувавме на ситници, на бистра вода. Како мала пливавме во вардар, на градска плажа. Мајка ми ни мачкаше маргаринче и лебче и тоа кога ќе се стопеше и солца, понекогаш и патлиџан ако имаше пари. Јас немав врска од пливање, само ме носеше вардар и јас полека одев по камчињата, сепак за мене тоа беше вистинското нешто. Изнемоштена од пливање и си јадам леб и маргарин.   Не бев посебна, дете на воено лице , а моите другарки прчли- деца на подмајори и пуковници. Имаше разлика меѓу нас, но тоа што јас го имав ми беше доволно , ме исполнуваше, бев среќна.  Среќна сум во Парк, во нашиот парк. Само што ми ја нема таа топлина, нема толку многу деца колку порано. Кога има некои дружби јас тогаш доаѓам. Јас сум многу разочарана, главно до животот, и ми требаше добра енергија. Имаше еден настан за деца со даунов синдром и аутизам и одлучив да отидам да им дадам поддршка . Интересното е што они мене ми дадоа на мене. Јас се вратив дома среќна. Многу ме разнежнија. Градот се труди за инклузија на таквите лица. Тие имаат премногу љубов во себе, обожаваат да се гушкаат. На крај испаѓа дека не се они тие со посебни потреби, ние сме што не знаеме да се гушкаме.